
Пишува: Проф Д-р Иван Анастасовски
Секогаш во пресрет на било кој тип на избори (претседателски, парламентарни или локални) политичките партии почнуваат да ја заоструваат својата политичка реторика, но и да си ја креваат цената за својата позиција. Оваа година 2025 е година на локални избори и одлична можност за секоја партија а особено помалите партии да си ја пробаат среќата и во исто време да ја измерат својата политичка сила на терен преку соодветен изборен резултат кој треба да им биде политички влог за иднина.
Според мене, огромната трагедија во Кочани која не задеси благодарение само да корумпираниот систем граден со години, мора да биде силен сигнал за персонална промена на секој еден поединец во оваа општество, мораме да ги изавдиме розевите партиски наочари и да ставиме наочари со реална диоптрија преку која ќа ја видиме и согледаме реалноста која за жал е очајна, загрижувачка и нефунционална. Популарно ќе се изразам, годинава ќе гласаме за татко на градот/вите широм Македонија, да се избира некој кој има политички предзнак татко на градот, но при тоа не би сакал читателот да ме осуди за радикален феминизам, кој се фокусира на хипотезата за патријахот како систем на моќ, кој го организира општеството во комплекс на односи врз основа на машката надмоќ над жените, па затоа апсолутно поддржувам да се гласа и за мајка на градот како синоним за столб на едно семејство.
Но се вараќам на мојата поента, време е да бираме пред се одговорни личности, личност базирана на сопствени успеси и успони која се докажала преку активности, работа и одговрност а не преку партиски штабови или сплеткарење. Факт е тоа, дека доминантната партија на власт е во спортски жаргон кажано во пол позиција пред другите, а тоа пред се како магнет ги привлекува малите партија за позицинирање во владиниот колач. ВМРО-ДПМНЕ ја има контролата на терен, но сепак за прогозирањњ на резултат е рано, оти имање на контрола на терен со конечен резултат многу пати не кореспондира нешто налик во фудбалот има посед на топка а не победувате, па затоа може истиот принцип да се пресилка кај политичкиот резултат. Но сепак, албанскиот партнер во владиниот кабинет веќе е дисонантен во своите редови, оти тоа е заедница на интереси а не класична партија која има свој јасен лидер, па оттаму тие почнуват да се движат секој во својата сфера на интерес кој ќе мора да резултира со разединување и покрај лагодноста и привилигиите кои ги носат фотељите.
Исто така сериозен податок е дека мнозиноството албански гласови поради застојот во европските процеси нема да биде на страната на десницата (ќе го почуствуваат тоа наскоро), впрочем и денешната изјава (за која не се сложувам воопшто) на еврокомесарката Марта Кос која истакна дека нема гаранции за тоа дека уставните измени ќе бидат последната пречка на патот кон Европската Унија и со тоа нема да биде исклучена можноста од нови блокади и уцени, оваа изјава во глобалната политика ја загрозува позицијата на ВМРО-ДПМНЕ но домашната политика особено кај македонскиот гласач ја јакне уште посилно, оти со оваа изјава ЕУ го подига на екстремно високо ниво евроскептицизмот во Македонија наспроти потребите на албанската етничка заедница која е силно определена за европска интеграција. И овде јас лично како човек кој не е подджувач на владеачката гарнитура можам одговрно да кажам дека сега е момент за тоа да се поддржи ставот на премиерот Мицковски за барање на силни гаранции од страна на ЕУ за одложена примена на уставните измени се до наш влез во ЕУ и зад оваа позиција би требало да застане секој.
Но да се вратам на локалната наспроти глобалната политика, дојдено е време кога и партиите мораат да погледнат и повиоко и пошироко и да се надминат себеси во понудата која ќе му ја сервираат на електоратот и да понудат кандидати (татко-мајка) на градот без оглед од тоа што би било наприфатливо за секој еден локален гласач, оти од тоа ќе им зависи начинот на уредување на нивниот живот во општината во наредните четири години.
Но кога кога веќе нафрлив неколку мои видувања за владеачката партија, редно е да кажам нешто и за оние кои сум ги поддржувал а разочарале до максимум (валда нема да паднат и подолу од ова). За да не им се случи дополнителен дебакл на СДСМ и нивните сателити, прво е неопходно да ги стават суетите по страна, но исто и апетитите по страна (и јас сакам да јадам кавијар но не ми го вари организамот) и да го стават разумот на преден план, да ја вклучат прагмата оти ако се случи дополнителен дебакал надоврзан на предходните избори тоа ќе значи дека доаѓаат на работ на опстанок како политички систем.
Немам дилема дека фотељите се слатки, паушалите се добредојдени како личен комформитет, но дали некогаш се запрашале за заедничкиот комформитет и интерес. Таа парија секогаш знаела да биде силна и кога било тешко за неа, но сега се прашувам дали е способна за тоа, дали е способна да се менува и дали е способна да прифати дека состојбите не зависат веќе од неа тука таа политичка структура зависи од состојбите. Би сакал читајќи ги моите зборови да не ги доживуваат како навреда напротив како поука која треба да им ги промени очилата и да им ја долови реалноста. Таков пристап може да донесе одреден резултат за СДСМ па макар тоа е и еден глас повеќе од последниот изборен резултат кој јас ќе ви го насловам како ТИТАНИК. Дојдете во реалноста, тоа ќе ви помогне да се освестите и да расудувате многу по логично и позитивно.