Утрински Весник
Економија

Развојна банка го дигитализира процесот за кредитно осигурување

Pari.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Развојната банка, активноста на УСАИД – Партнерства за eкономски раст и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, потпишаа договор за набавка на дигитална алатка за кредитно осигурување, нов дигитален производ на домашниот финансиски пазар.

-Целта на оваа соработка е да се одговори на потребите на домашните компании за раст и развој, односно да се олесни пристапот на компаниите до посоодветни инструменти и решенија за управување со финансиите. Ова софтверско решение ќе ја олесни и забрза комуникацијата и ќе им помогне на компаниите поедноставно да ги користат инструментите кои ги нуди Банката за олеснување на трансакции, особено во делот на обезбедување на побарувањата, осигурување на извозот и факторингот, велат од УСАИД.

Решението, додаваат, ќе биде поставено на веб-платформата на Развојната банка и целосно прилагодено за употреба од страна на компаниите.

Минатата година, согласно интерната анализа на Развојната банка и потребите за пристап до финансии на приватниот сектор, банката успешно реализираше кредитна линија за дигитализација и дигитална трансформација, со поддршка од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

-Дигитализацијата на еден од клучните процеси на Банката ќе придонесе за директно зголемување на осигурениот извоз, како и извозниот и домашен факторинг. Дополнително, овој процес позитивно ќе влијае врз инвестициите на компаниите и отворањето на нови работните места, потенцираат од УСАИД.

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна