Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Разрешениот директор Кузмановски од Неврологија ќе плати 500 евра казна, работел без лиценца цели 5 месеци

Nevr.jpg
300x250 opst2

Разрешениот директор на Универзитетската клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски, ќе плати парична казна од 500 до 1.000 евра затоа што извршувал медицинска дејност без важечка лиценца за работа, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Министерот за здравство Азир Алиу го разреши Кузмановски на 10 октомври, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое тој, во домашна атмосфера, меша бела прашкаста материја и коментира со асоцијации поврзани со кокаин. Неколку дена подоцна, министерот потврди дека Лекарската комора го известила дека на Кузмановски му истекла лиценцата за работа уште на 15 март годинава.


Поради тоа, биле формирани комисии кои преку системот „Мој термин“ провериле дали во меѓувреме работел со пациенти.
„Се испитува дали во периодот од 15 март до 8 август, кога стана директор, д-р Кузмановски работел со пациенти без важечка лиценца“, изјави министерот Алиу.

Од ДСЗИ потврдија дека ќе му биде издаден прекршочен налог согласно член 309 од Законот за здравствена заштита. Казна ќе следи и за правното лице – Клиниката за неврологија, како и за одговорното лице, претходниот директор Фатмир Меџити.

Во извештајот на Инспекторатот стои дека според податоците од системот „Мој термин“, д-р Кузмановски извршувал здравствена дејност до 8 август 2025 година, кога бил именуван за в.д. директор. Од тој датум натаму не се евидентирани здравствени услуги извршени од негова страна.

Последната лиценца му била издадена од Лекарската комора на Република Македонија под број 0009786, со важност до 15 март 2025 година.

Инспекторатот извршил контрола и на останатите 33 лекари на Клиниката и утврдил дека сите имаат валидни лиценци. Дополнително било констатирано дека специјалистичките извештаи по прегледите се заверувале со факсимил и печат од административни работници, наместо од самите лекари, што е спротивно на член 13 од Законот за евиденции во здравството.

„За сите утврдени неправилности ќе биде издадено решение со наредба за нивно отстранување“, наведуваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Можете да прочитате

Уставните промени се последниот чекор кон ЕУ, порача Фон дер Лајен

Кузмановски: Со реални и остварливи проекти до поубава и напредна Битола

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен