Утрински Весник
Македонија

Разрешени замениците-министри со 62 гласа „за“, почнува дискусија за именување на нови од Алијансата

СДСМ: Врв на неодговорноста, ВМРО-ДПМНЕ блокира 100 милиони евра во време на криза

Башким Асани, кој беше заменик-министер за одбрана, Абдулшуќур Абедини кој беше заменик-министер во Министерството за шумарство и водостапнство, како и Лулзим Алиу кој беше заменик-министер за образование и наука се разрешени од функциите.

dobivaj vesti na viber

По неколку дневна дискусија во Собранието, од 103 пратеници, 62 гласаа „за“ разрешувањата. Немаше пратеници кои беа против, ниту воздржани.

Следна точка на дискусија е именувањето на нови заменици-министри кои доаѓаат од редот на Алијансата за Албанците, како партија која влегува во Владата. Отворен е претрес по оваа точка, а пријавени за збор се 36 пратеници и премиерот Димитар Ковачевски.

Дискусијата за влез на Алијансата за Албанците во Владата трае повеќе од две недели.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?