Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Разрешен е министерот за финансии на Велика Британија

Разрешен е министерот за финансии на Велика Британија
300x250 opst2

Кваси Квартенг, министерот за финансии на Велика Британија, беше разрешен во моментот кога премиерката Лиз Трус требаше да го „преврти“ мини-буџетот, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Оваа информација ја потврдува и самиот Квартенг на Твитер.

Според анализите, британскиот финансиски пазар е под притисок од 23 септември кога Квартенг најави намалување на даноците за 45 милијарди фунти (50 милијарди долари), без да прецизира како тоа ќе биде платено.

Институтот за фискални студии соопшти дека стратегијата бара намалување на трошоците или зголемување на даноците за 62 милијарди фунти за да се запре растот на јавниот долг, застрашувачки предлог по повеќе од 10 години заострување на државните трошоци.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот