Утрински Весник
Македонија

Разбојништво и тешка кражба во Скопје: маж и жена напаѓале и ограбувале луѓе

Разбојништво и тешка кражба во Скопје: маж и жена напаѓале и ограбувале луѓе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 29-годишник за разбојништво и тешка кражба. Според информациите, тој заедно со непознато женско лице, се заканувале на луѓе и ги ограбувале.

dobivaj vesti na viber

„Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба на сила и закана одзеле предмети од еден оштетен. Жената му се доближила на оштетениот пред зградата во која живеел и го прашала дали сака да му го чисти станот. Тој и кажал дека во моментов нема потреба за тоа и тргнал кон станот. Но, во моментот кога влегувал дома, двајцата неповикани влегле по него, при што обвинетиот го турнал оштетениот и со влечење го однел во една од собите. Му се заканил со нож и побарал од него да му ги даде парите. Пребарувајќи низ станот, одзеле паричник со 2.250 денари, два мобилни телефони, рачен часовник и други предмети, во вкупна вредност од околу 21.750 денари.

На 15 април, на улицата „11 Октомври“ во Скопје, обвинетиот на дрзок начин одзел паричник со 2.000 денари од оштетена која во тој момент влегувала во својата зграда“ соопшти обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи таквата мерка се уште е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.

Можете да прочитате

Платформа за родова еднаквост: Неопходни се системски реформи и построги казни за злосторства против девојчиња и жени

ИВЗ се противи битолската „Јени џамија“ да биде музеј

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука