Утрински Весник
Свет

Разбиена меѓународна хакерска мрежа, украдени 500 милиони долари од 184 жртви

20250729111539 big 730x400 54.webp.webp

Меѓународните истражители ја разбија мрежата на криминална група која стои зад речиси двесте напади на интернет.

Властите ги идентификуваа и ги исклучија серверите на групата Блексуит/Ројал (Blacksuit/Royal), објави полицијата во германската покраина Долна Саксонија.


Исклучувањето на серверите ги наруши операциите на групата, вклучително и дистрибуцијата на малициозен софтвер, интерните комуникации и нејзината веб-страница.

Властите пријавуваат 184 жртви низ целиот свет, со штета од повеќе од 500 милиони долари до август 2024 година.

Во координирана и долгорочна операција, истражителите обезбедија голема количина информации за групата на крајот на јуни и се надеваат дека овој материјал ќе им помогне да ги идентификуваат виновниците.

-Ова испраќа јасен сигнал во борбата против киберкриминалот, рече Торстен Масингер, шеф на полицијата во Долна Саксонија.

Жртвите на нападот беа повикани да ги пријават кај властите за да се спречи понатамошно хакирање. Истражителите рекоа дека групата користела тактика на двојно изнудување. 

Можете да прочитате

ЕУ планира да замрзне дел од средствата за Украина додека не завршат реформите

На Менхетен убиен извршниот директор на „Блекстоун“

Британија ќе ја признае Палестина во септември ако Израел не се согласи на прекин на огнот