Утрински Весник
Свет

Разбиена банда што шверцувала кокаин во торти од Берлин до Прага

Policeman With Car In Background.jpg

Чешката полиција разби криминална група која шверцувала кокаин од Берлин во Прага, сокриен во торти. Во акцијата се приведени седум странски и еден чешки државјанин.

Според информациите, на овој начин биле пренесени повеќе од 30 килограми кокаин, при што секоја торта содржела по еден килограм дрога. Пратките биле транспортирани со автобус.

Полицијата засега не ја соопшти националноста на странските осомничени.

Можете да прочитате

На 48 години почина актерот Џејмс ван дер Бик

Европол заплени фалсификувани пари во вредност од 1,2 милијарди евра

Ново досие на ФБИ открива дека Трамп зборувал со полицијата за Џефри Епштајн