Утрински Весник
Спорт

Раул Гонзалес се сеќава на еуфоријата со Вардар: Македонците се најдобрите ракометни навивачи во светот

Раул Гонзалес се сеќава на еуфоријата со Вардар: Македонците се најдобрите ракометни навивачи во светот

Шпанскиот стратег Раул Гонзалес сега е тренер на Пари Сен Жермен, но не ги заборава прекрасните години поминати на кормилото на Вардар, кога ја освои европската титула со „црвено-црните“, а потоа беше и селектор на македонската ракометна репрезентација.

dobivaj vesti na viber

Тој во интервју за ЕХФ истакна дека Македонците се најдобрите ракометни навивачи во светот, периодот во Вардар го опиша како неверојатна бајка.

„Минаа шест години, а се уште немам зборови да го опишам тоа чувство. Во 2014 година дојдов во Вардар, што се покажа како неверојатно искуство за мене, првпат како прв тренер на една екипа. Во 2016 година бевме елиминирани во битката за фајналфор од Фленсбург, но следната сезона блеснавме. Тоа беше неверојатно, за тоа треба да се напише книга. Имавме добра сезона, а потоа во Келн ги победивме Барселона и ПСЖ со по еден гол разлика“, истакна Шпанецот.

Потоа се обиде да го објасни и лудилото што го доживеаја ракометарите на Вардар во Скопје по освојувањето на европската круна.

„Кога се вративме во Скопје, имаше над 100.000 луѓе на улиците за да ги поздрават шампионите. Тоа беше неверојатно, рака на срце, Македонците се најдобрите ракометни навивачи во светот. Начинот на кој го поддржуваат својот тим, страста кон спортот и кон своите идоли, тоа го нема никаде на друго место“, изјави Раул Гонзалес.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари