Утрински Весник
Спорт

Раул ја одбил понудата од Лидс јунајтед

Раул ја одбил понудата од Лидс јунајтед
Dik 300x250 mk

Лидс јунајтед, вчера му врачи отказ на менаџерот Џеси Марш. Клубот од „Елан роуд“, не објави кој ќе го наследи Американецот, а медиумите тврдат дека еден тренер веќе ја одбил нивната понуда.

dobivaj vesti na viber

Лидс јунајтед, односно спортскиот директор Виктор Орта го контактирал Раул, но неговиот сонародник одбил да седне на клупата на Лидс. Раул е легенда на Реал Мадрид, одиграл најмногу натпревари за „кралскиот клуб“ (741) и е трет најдобра стрелец во клупската историја (323).

Раул е тренер на младиот тим на Реал, Кастиља. Според медиумите сметал дека се уште е рано да се пресели во странство.

Пред неколку месеци Раул одби две понуди од Бундес лигата, од Ајнтрахт и Шалке.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс