Утрински Весник
Македонија

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Avtobusi 419557.jpg
Dik 300x250 mk

Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот се до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашање од пратеничката Сања Лукаревска до каде е набавката за електрични автобуси.

Мицкоски на седницата за пратенички прашања посочи дека парите за набавка нема да се видат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година.

Затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот. За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее дури тогаш.

Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз, одговори Мицкоски.

Можете да прочитате

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

Украдени три бронзени бисти од гробиштата во Бутел

ВЛЕН: Зијадин Села жеден за внимание