Утрински Весник
Економија

Расте цената на становите во Скопје, но и во Тетово и Куманово

Stanovi.webp.webp

Според податоците од Регистарот на цени и закупнини, највисока цена по метар квадратен е евидентирана во општина Центар, каде максимумот достигнал вртоглави 232.722 денари. На спротивната страна, најниската цена е забележана во Чаир, со минимум од 19.543 денари за метар квадратен.

Во однос на обемот на работа, Аеродром останува лидер по бројот на продадени станови (240), по што следуваат Чаир, Центар и Карпош. Сепак, Центар останува најскапата дестинација со просечна цена од 104,3 илјади денари по квадрат.

„Растот на обемот на трансакциите може да се поврзе со подобрени услови за финансирање и зголемена доверба во пазарот на недвижности“, оценуваат од Агенцијата за катастар.

Вкупно се регистрирани 17.603 трансакции во втората половина од годината, што е пораст од 6,4% во споредба со истиот период во 2024 година. Додека повеќето градови бележат раст, пад на продажбата е забележан во Струмица и Битола.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на Владата е стабилна економија и раст на платите

Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава

Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни плаќања