
Најмалку десет лица се загинати, а повеќемина повредено повредени во пукотница што се случи во областа Бонди Бич во Сиднеј.
Полицијата на Нов Јужен Велс ја предупреди јавноста да не се приближува кон плажата Бонди и дека секој што е во близина треба да побара засолниште.
Портпаролот на полицијата на Нов Јужен Велс потврди за „Гардијан“ дека полицијата добила „повеќе повици од граѓани“ во кои се пријавува пукање во областа Бонди. Портпаролот на Брзата помош на Нов Јужен Велс изјави дека „дефинитивно имало пукање“.
„Имаме голем број екипи на терен. Им помагаме на неколку лица и има голем број возила на местото на настанот“, изјави портпаролот на службите за итни случаи.
Првите повици беа направени кратко пред 19:00 часот по локално време.
Во меѓувреме, полицијата објави дека две лица се приведени, но дека операцијата е сè уште во тек.
Зборувајќи на прес-конференција, премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, потврди дека пукањето на плажата Бонди било насочено кон еврејската заедница во Сиднеј.
Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Ланион, потоа изјави дека најмалку 12 лица се убиени, а 29 се повредени. Ланион, исто така, рече дека го прогласил нападот за терористички инцидент во 21:36 часот по локално време.
„Овој напад беше наменет да ја таргетира еврејската заедница во Сиднеј. На првиот ден од Ханука, она што требаше да биде ноќ на мир и радост прославена во таа заедница со семејствата и поддржувачите беше уништено од овој ужасен, злобен напад“, рече Минс.
Полицијата пронашла „голем број сомнителни предмети“ во областа на нападот, кои ги испитуваат експерти. Областа е затворена за јавноста.
Нема извештаи за други инциденти во Сиднеј поврзани со овој инцидент.
Полицијата апелира до сите што имаат снимки од мобилен телефон или автомобил да им ги испратат.
‼️ Shooting at a Hanukkah celebration in Sydney, Australia.
🕯️At least 10 people were killed, and another 60 were injured, according to local media. pic.twitter.com/2KSkteRvPO
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) December 14, 2025
извор ТВ21

