Утрински Весник
Свет

Расте бројот на загинати во пожарите на Хаваи: 96 лица загинаа на островот Мауи, спасувачите ги пребаруваат запалените области

Расте бројот на загинати во пожарите на Хаваи: 96 лица загинаа на островот Мауи, спасувачите ги пребаруваат запалените области

Бројот на загинати во разорните шумски пожари на хавајскиот остров Мауи се искачи на 96, потврдија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Според извештаите, тој број ќе продолжи да расте, бидејќи се уште има исчезнати лица, објави Си-Ен-Ен.

Се додава дека во западен Мауи, спасувачките тимови со кучиња сè уште ја „чешлаат’  пепелта на поранешните домови, кои беа збришани од најсмртоносниот пожар во САД во повеќе од 100 години.

Официјални лица од округот Мауи забележуваат дека идентификувањето на жртвите воопшто не е лесно,  во саботата, од десетици мртви тела пронајдени низ областа зафатена од пожарот, идентификувани се само две лица.

„Треба да направиме брза ДНК за да ги идентификуваме сите“, рече началникот на полицијата на островот, Џон Пелетиер, во саботата.

Тој ги повика сите оние чии членови на семејствата исчезнале да контактираат со надлежните во врска со проверката на ДНК тестот.

Тој додаде дека околу 86 отсто од овие објекти се станбени.

Борбата продолжува за сместување на раселените жители и туристи.

Од петокот вечерта, вкупно 1.418 луѓе беа во засолништа за итна евакуација, а тимовите работат на сместување на раселените жители на Лахаина во привремени домови, со повеќе од 500 хотелски соби веќе обезбедени со помош на владини субвенции.

Можете да прочитате

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени