Утрински Весник
Македонија

Раст на инвестициите: Македонско-Бугарската Комора повика на поблиска соработка

Img 5487.jpeg

На редовното годишно Собрание на Македонско-Бугарската Стопанска Комора, одржано во Скопје, членките на комората повикаа на унапредување на деловната соработка без граници помеѓу двете земји. Како што истакна претседателката на комората, Биљана Митева, постои значителен интерес од страна на македонските и бугарските компании за нови инвестиции. Трговската размена меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија бележи постојан раст, што е показател за зголемената доверба и можностите за уште поголем развој.

„Со подобрување на условите кои треба да ги обезбедат двете држави, компаниите членки на нашата комора можат уште повеќе да инвестираат и да го подобрат развојот на правните субјекти од двете земји,“ изјави Митева. Според неа, комората активно придонесува за подобрување на бизнис-климата и за отстранување на политичките пречки кои влијаат на деловното поврзување.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Н.Е. Жељаско Радуков, кој ја истакна важноста на економската размена меѓу двете држави и потребата за поврзување на луѓето и бизнисите. „Бизнисите се моторот на економскиот раст, а соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија е клучна за создавање нови можности и за развој на регионалната економија,“ рече амбасадорот Радуков.

На Собранието беше одобрена и програмата за работа за 2024/2025 година, како и извештаите за изминатиот период 2023/2024. Дополнително, беа избрани нови членови на Управниот и Надзорниот Одбор на Македонско-Бугарската Стопанска Комора. Присутни беа и претставници на дипломатскиот кор, кои ја поддржаа иницијативата за продлабочување на економските врски помеѓу двете држави.

Можете да прочитате

Искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода

Се одржа Годишно Собрание на Македонско-Бугарската стопанска комора

Филипче: Раната превенција спасува живот, задоволни пациенти може да има со задоволни доктори