Утрински Весник
Свет

Раст на антиукраински содржини на полските социјални мрежи

Polska.webp.webp

Во периодот од август до ноември, на полските социјални мрежи биле забележани речиси 186.000 дискриминаторни или навредливи објави насочени против Украина и Украинците. Истражувањето на организацијата за проверка на факти „Демагог“ и „Институтот за мониторинг на медиуми“ покажува дека бројот на вакви содржини пораснал за 98 проценти во споредба со периодот април–јули, а досегот на овие објави надминал 66 милиони контакти, што е зголемување од 104 проценти.

Најголем дел од антиукраинскиот контент – над 92 проценти – бил објавен на платформата X, која учествувала и со повеќе од 60 проценти од интеракциите корисниците. Истражувачите посочуваат дека порастот може да биде поврзан со претходни „руски кампањи за дезинформации“.

Пиковите на непријателска содржина се поклопиле со значајни настани како ветото на полскиот претседател на закон за социјална помош за Украинците, нарушувања на воздушниот простор од руски беспилотни летала и саботажен напад на железничка инфраструктура во ноември. Полска, заедно со Германија и Чешка, е меѓу земјите кои примија најмногу Украинци, а во моментот во земјата престојуваат околу 965.000 украински државјани.

Можете да прочитате

16 загинати во вооружен напад на плажата Бонди во Сиднеј

Хамас: Убиството на високиот командант на Хамас ја доведува во прашање одржливоста на примирјето со Израел

Откажани традиционалните новогодишни прослави во Париз