
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 7.395,6 милиони евра и бележи раст од 2,5 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, 10.509,9 милиони евра, што е за 3,8 проценти повеќе во споредба со 2024 година, објави Државниот завод за статистика.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.
Во периодот јануари – ноември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,7 проценти% во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59,3 проценти во вкупната размена.

