Утрински Весник
Спорт

Распродажба на „Стенфорд Бриџ“ – Пулишиќ си замина од Челси

Распродажба на „Стенфорд Бриџ“ – Пулишиќ си замина од Челси

Кристијан Пулишиќ е уште еден играч во низа кој летово го напушти Челзи.

dobivaj vesti na viber

Челзи и Милан конечно постигнаа договор и Американецот ќе се пресели на „Сан Сиро“ за 20.000.000 евра.

Пулишиќ имаше добра понуда и од Лион, но тој преферираше трансфер во Милан.

Американецот треба да му биде од голема помош на најдобриот играч во тимот, Рафаел леао, откако откако Брахим Дијаз се врати во Реал Мадрид, а Златан Ибрахимовиќ се пензионираше.

Пулишиќ не се прослави во Челзи, во изминатата сезона не беше први избор на ниту еден менаџер, па разделбата беше неизбежна.

Со заминувањето на Пулишиќ, Челзи ќе префрли сума од 250.000.000 евра заработка, а најмногу инкасираа Каи Хаверц и Мејсон Маунт кои беа платени по 70.000.000 евра, Ковачиќ замина на 30, Кулибали за 23, Менди за 18, Рубен Лофтус-Чик за 16…

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност