Утрински Весник
Македонија

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

Расправија, турканица, пукање – Обвинителството со истрага за убиството во казиното во Капиштец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот 44-годишник, на 31 март, во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Осомничениот, жртвата и уште две лица заедно дошле во казиното и играле на покер апаратите. Помеѓу осомничениот и оштетениот дошло до вербална расправија и започнале да се туркаат, по што осомничениот успеал да го земе пиштолот што оштетениот го носел во појасот и пукал неколку пати во него. Потоа повеќе пати со рачката од пиштолот го удрил оштетениот во пределот на главата и избегал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Бидејќи тој во моментот е недостапен на органите на прогонот, доколку биде прифатен предлогот на обвинителот, мерката ќе започне да се извршува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег