Утрински Весник
Економија

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Budget.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Следната недела в петок почнува расправата по Предлог-буџетот за 2026 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет. До понеделник, 10 ноември, е рокот до којшто пратениците може да поднесат амандмани на Предлог-буџетот, а според најавите од претседателот на Собранието Африм Гаши, се очекува на 9 декември да се одржи пленарната седница. 

Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари  или 650 милиони евра. 

Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Предлог буџетот ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, а паралелно со тоа и постепена фискална консолидација.

– Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, истакна министерката за финансии на 28 октомври презентирајќи го Предлог-буџетот. 

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна