Утрински Весник
Свет

Расмунсен до САД: Отворени сме за критики, но не го цениме тонот на кој беа кажани

Grenland 1.webp.webp

Шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен денеска одговори на критиките на американската администрација за данското управувањето со Гренланд.

– Отворени сме за критики, но, да бидам искрен, не го цениме тонот на кој беа кажани, истакна Расмусен во видеото на англиски јазик објавено на платформата Икс.


Тој додаде дека на тој начин не се разговара со блиските сојузници, а според него Данска и САД и понатаму се блиски сојузници.

Одговорот од Данска уследи по еднонеделните тензии поради најавата за посета на американска делегација на автономната данска територија Гренланд, за потоа вчерашната посета да биде ограничена на американската воена база во Питуфик.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс вчера на Гренланд изјави дека Данска „не инвестирала доволно“ и го „запоставила“ Островот, а тој очекува Гренланѓаните да „застанат на страната“ на Трамп, кој сака САД да го преземат Гренланд и да се согласат на „партнерство“.

– Договорот за одбрана од 1951 година им дава на САД бројни можности за посилно воено присуство на Гренланд. Ако тоа е она што го сакате, ајде да разговараме за тоа, истакна Расмусен.

И премиерката на Данска, Мете Фредериксен синоќа одговори на „нефер“ критиките од Американците, потсетувајќи дека Данска отсекогаш била на американската страна во „тешките ситуации“, алудирајќи на учеството во воените коалиции во Ирак и Авганистан.

Данска во јануари соопшти дека ќе одвои речиси две милијарди евра за зајакнување на своето присуство на Арктикот и Северен Атлантик.

Можете да прочитате

Масовните отпуштања насочени кон 10.000 работни места ги погодија американските здравствени агенции

Пентагон: Нова воздушна поддршка за заштита на трговските рути во Црвеното Море

Две девојчиња и нивната баба со часови заробени под урнатините во Мјанмар, ја снимиле агонијата низ која минале: таткото мислел дека се мртви