Утрински Весник
Македонија

Раскинати договорите со тројца евалуатори од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, немале соодветана обука

Petar naeopm.jpeg
Dik 300x250 mk

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,
д-р Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори и нивно исклучување од базата на надворешни експерти. Лицата биле вклучени во процесот на евалуација без претходно да имаат завршено соодветна обука за оценување на апликации за доделување на грантови, што претставува сериозно отстапување од утврдените процедури и стандарди.

MK Summit

За истото ќе се утврди одговорност и за внатрешно вработени лица во Националната агенција.


Во насока на унапредување на квалитетот и интегритетот на евалуациските процеси,
д-р Богојески најави сеопфатна реевалуација на сите евалуатори, при што во првата фаза ќе бидат заменети најмалку 50% од нив. Процесот е планирано да биде комплетиран најдоцна до август 2025 година.

Националната агенција останува цврсто посветена на транспарентно, одговорно и законито работење, како и на доследна борба против корупцијата во сите нејзини форми.

Можете да прочитате

Хорор во Челопек: Син ги избркал родителите од дома, па отишол и го избодел вујкото, жена со две деца бегала преку прозорец

Од полноќ намалување на цените на дел од горивата

Продолжи судењето за закланите коњи во ЗОО кои се користеле за храна: Месото било уништено во „Дрисла“