Фудбалерите на Расинг клуб, со победата над Бокај јуниорс (2:1), го освоија Трофео де Кампеонес. Овој натпревар имаше бизарна завршница. Заврши со серија црвени картони пред судијата да го означи крајот.
Трофео де Кампеонес е натпревар во кој за трофејот се борат шампионот и освојувачот на Купот. Бидејќи играчите на Бока ги освоија двата трофеа оваа година, за место во финалето се бореа Расинг (беа втори во првенството) и финалистот на купот Тигре. Расинг го доби тој натпревар по продолжение со 2:1.
Бока поведе со голот на Норберто Бријаско во 18. минута. Само четири минути подоцна резултатот го израмни Матиас Рохас. Во последните моменти од натпреварот настана хаос, кој го реши Карлос Алкараз со гол во 119. минута.
Двете екипи влегоа во продолжението со по десет играчи. Црвени картони заработија Себастијан Виља и Јохан Карбонеро во петтата минута од судиското продолжение, а Алан Варела од Бока јуниорс, во 100. минута поради втор жолт картон мораше да биде исклучен.
Девет минути подоцна Алкараз го искористи дополнителниот играч за Расинг клуб и го постигна решавачкиот гол, по што судијата Факундо Тељо имаше многу работа.
Човекот кој ќе ја дели правдата на Светското првенство во Катар, за само четири минути покажа пет црвени картони.
Алварез постигна гол во 119.минута, па доби црвен картон поради непримерна прослава на голот. Тоа предизвика гнев кај играчите на Бока, а потоа настаната метеж. Судијата потоа им покажа црвени картони на Лууис Адвинкула, Карлос Замбрано, Франк Фабра, Диего Гонзалес и Дарио Бенедето од Бока и Џонатан Галван од Расинг.
Судијата Тељо потоа мораше да го прекине натпреварот. Арбитарот вкупно покажа 11 црвени картони, три за играчите на Расинг и седум за фудбалерите на Бока, а искулен беше и тренерот на Бока јуниорс, Хуго Ибара.