Утрински Весник
Македонија

Рашковски: Обвинителство си допишувало со моливче врз доказните материјали

Одбраната на Рашковски: Се согласуваме со сведочењето на Спасовски, софтверот е набавен за потребите на Владата, а не на МВР

Обвинителството си допишувало со моливче врз доказниот материјали, што е основа за многу кривични дела, обвинува преку соопштение за јавноста поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски кому му се суди во случајот „Софтвери“.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува во соопштението, пред три дена нему бил дозволен увид во доказниот материјал со којшто на 16.04.2021 година му беше определена мерката притвор.

Во неговиот став се вели:

„Пред 3 дена ми беше овозможен увид во доказниот материјал со кој на 16.04.2021 година беше определена мерката притвор кон мене. За момент се почувствував како да сум во Болоња, каде твореле глосаторите. На доказниот материјал, ни помалку ни повеќе со молив на маргините на печатениот доказен материјал испишано со ракопис се допишувани имиња на личности, се допишани датуми, се допишани ставови различни од реалноста од други докази… се селектирани преку штиклирање делови за тоа “што е битно”.

Кривичниот законик е многу јасен во член 378 “Тој што ќе направи лажна исправа или ќе преправи вистинска исправа со намера таквата исправа да се употреби како вистинска или тој што лажната или преправената исправа ќе ја употреби како вистинска, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.” Исто така членот 380 од КЗ предвидува дека “Тој што како доказ во правниот сообраќај ќе употреби исправа, книга или спис за кои знае дека се невистинити, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.”

Допишувањето со молив на податоци кои не се присутни во вистинската исправа искористена за определување на притвор, не само што е исполнување на битието на делото од 378 од КЗ туку е и основ за низа други кривични дела кои се залепуваат редум.

Нема да можеме да се вадиме на Virtual Reality кога од Европскиот суд за човекови права ќе ги побараат списите од предметот и ќе увидат дека кај нас се допишува со молив во доказниот материјал и таков се приложува во суд. Таа дрскост и безобразие на “двете технологии” е плукање во лице на судството во кое тие се само една од странките во постапката. Тоа е максимално омаловажување на дигнитетот на судиите и омаловажување на останатите колеги кои уредно “пакуваат предмет”.

И како и за се до сега, така и за ова, не треба никој на никого да му верува на збор. Штом ќе ги добијам во копија, глосаторски и постглосаторски VR или IT технолошки модифицирани докази, ќе бидат споделени со јавноста со цел да мотивирам и други “корисници на услугите на овие технологии” да проверат дали процесот на глосаторство бил присутен и кај нив“.

Можете да прочитате

ЗНМ и СЕММ: Новинарите имаат одговорност да известуваат професионално и етички во сензитивни ситуации

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи а не да владее

ВМРО-ДПМНЕ: Разбирлива е реакцијата на ДУИ за интерпелација на Тошковски, бидејќи сценарието за насилство и меѓуетнички тензии им е откриено