Утрински Весник
Спорт

Рашфорд ја објаснил својата прослава со прстот на глава

Рашфорд ја објаснил својата прослава со прстот на глава

Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд открива дека Маркус Рашфорд му го објаснил вистинското значење на неговата прослава со прстот на глава по фантастичната голгетерска серија оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

Рашфорд е во својата најдобра форма во кариерата под Ерик Тен Хаг оваа сезона со 17 гола во 18 меча по настапот на Светското првенство во Катар. 25-годишниот англиски репрезентативец речиси секогаш прославува со прстот на главата, што потоа беше проширено кај повеќе играчи. Според Фердинанд, се работи за посочување на менталните проблеми кои тој ги имал минатата сезона.

Фердинанд во понеделникот го посети тренинг-центарот на Јунајтед во Керингтон за да следи една тренинг-сесија пред ревашнот против Барселона и имаше шанса да се сретне со Рашфорд.

„Се видов со многу луѓе во Керингтон. Прославата, се работи за менталитетот. Нели е во ред. Едноставно. Но праќа вистинска порака. Сите низ светот го копираат сега, ги гледам и јуниорите кога играат. Такво е неговото влијание“, вели Фердинанд.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила