Утрински Весник
Спорт

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

20260314070509 big 730x400 46.webp.webp

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го освои спринтот на второто Гран при од сезоната 2026 во Формула 1 возен ноќеска. Дваесет и осумгодишниот Британец стартуваше од пол-позицијата и по 19 круга го зачува првото место.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор, а неговиот клупски колега Луис Хамилтон трет.


Ландо Норис (Мекларен), Андреа Кими Антонели (Мерцедес) и Оскар Пјастри (Мекларен) ја заокружија првата шесторка.

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен (Ред Бул) заврши деветти.

Квалификациите за главната трка ќе се утрово со почеток во 8 часот по македонско време. 

Можете да прочитате

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс

Македонија поразена од Летонија – 24info.mk

„Златното девојче“ од Македонија ја освојува Европа: Меланија Грозданова во фокусот на Јувентус и европските скаути