Утрински Весник
Македонија

Расчистено насилството во Куманово, насилниците лишени од слобода

Остатоци од човечки скелет пронајдени во канал во Скопје

На 15.11.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека на 14.11.2022 на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило.

По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи.

СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за инцидентот.

Можете да прочитате

Петровска ги повика директорите на АНБ и сите засегнати да подлежат на полиграф за наводното следење

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола домаќин на оскаровци, врвни кинаматографери од светот

Полицискиот хеликоптер изминатите два дена фрли повеќе од 80 тони вода