Утрински Весник
Македонија

Расчистени снежните наноси, сите локални патишта и до највисоките населени места во Македонска Каменица се проодни

Screenshot 2024 11 12 105502.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По вчерашните и синоќешните врнежи од снег, екипи ангажирани од општина Македонска Каменица и екипите на Јавното претпријатие „Камена Река“ се на терен и успешно ги вршат активностите за расчистување на снежните наноси. Сите локални патишта, вклучително и оние што водат до најоддалечените и највисоките населени места во општината, се проодни и расчистени.

– Екипите, од раните утрински часови се на терен во Караџевско маало во село Косевица, Капетанско маало во село Саса и повеќе од повисоките населени места во село Цера, каде со максимална ангажираност вложуваат напори за обезбедување на безбеден и непречен сообраќај. Со постојана присутност на екипите на терен, ќе овозможиме брзо и ефикасно расчистување на сите локални патишта во услови на интензивни врнежи и ниски температури во текот на целиот зимски период, истакнал градоначалникот Димчо Атансовски, соопштија денеска од Општината.

Атансовски апелирал до граѓаните за внимателност при движењето, особено на одредени делови каде што е можно присуство на мраз.

За секоја информација или потреба од дополнителна интервенција, граѓаните можат да се обратат во Општина Македонска Каменица или да се јават на 070 298 144 – отворената телефонска контакт линија во Општината.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен