Утрински Весник
Магазин

Раперот Арон Картер пронајден мртов во када

Раперот Арон Картер пронајден мртов во када

Популарниот рапер Арон Картер е пронајден мртов во када во неговиот дом во Ланкастер, Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Арон беше брат на познатата поп икона и пејач на Backstreet Boys, Ник Картер, објави британскиот весник „Дејли мејл“.

Полицијата соопшти дека во 11 часот по локално време добила итен повик дека „маж се удавил во када“.

На местото на настанот се испратени детективи.

Арон стана познат во доцните 1990-ти како поп пејач.

Објавил четири албуми, од кои првиот кога имал само девет години.

Имал проблеми со зависноста, поради што неколку пати бил на рехабилитација, пишува „Дејли мејл“.

Можете да прочитате

Што открива Месечината за човекот според наталната карта

Луѓе кои умерено пијат вино може да живеат подолго

Вечерва во 21:00 часот „Планетите зборуваат“: Што ни носат ѕвездите?