Утрински Весник
Македонија

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Од 29 Ноември студен циклон ни носи обилни врнежи од дожд, снег и значителна снежна покривка!

Screenshot 20241125 143946 Gallery.jpg

После ова стабилно, суво и претежно сончево време, со студени утра и малку попријатни температури преку ден, од 29 Ноември (петок) како и за време на викендот, и тоа под влијание на висински циклон со центар над Средоземјето во Македонија ќе имаме нова голема промена на времето.

Сето ова ќе биде проследено и со продор на ладна воздушна маса од север и од североисток. Ќе имаме нови врнежи од дожд, кој повремено ќе бидат обилни (локално над 30 л/м2). На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, каде се очекува да се формира и поголема снежна покривка (на планинските места, секако и на Скијачките центри со висина локално и над 30 cм). Секако, снежна идила ќе има и на повисоките места.

Што се однесува до пониските места, особено во западните и во северните предели повремено има услови врнежите од дожд да преминуваат во врнежи од снег со што и на овие места ќе има услови за формирање на снежна покривка. Кога станува збор за Скопскиот регион, таму ќе има врнежи од дожд во ниските делови од котлината, а врнежи од снег ќе има на околните планини каде ќе се формира снежна покривка. Услови за повремени врнежи од снег повремено ќе има и во повисоките предели од котлината.

Оваа голема промена на времето која не очекува, ќе биде проследена и со ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите повторно позначително ќе опаднат.

НАПОМЕНА: Во следните мои метео објави следува нова, и по потреба обновена анализа токму околу оваа временска ситуација.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош