Утрински Весник
Спорт

Рамос се соочува со седум натпревари суспензија

Рамос се соочува со седум натпревари суспензија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стоперот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, би можел да биде суспендиран на седум натпревари поради исклучувањето на натпреварот против Рамс минатиот викенд, пренесуваат француските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според „РМЦ Спорт“, судијата Пјер Гејлост, во својот извештај не напишал дека Рамос го пцуел. Шпанецот беше исклучен поради агресивен приговор откако доби жолт картон.

Сепак, на снимката што ја прикажа „Канал плус“, се гледа како Рамос на францускиот судија му вели „пута мадре“ на шпански (пи..а ти ма…а).

Доколку ова се покаже како точно, Рамос би можел да добие суспензија од два до дури седум натпревари.

Црвениот картон што го доби против Ремс е 28. во кариерата на Рамос.

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички