Утрински Весник
Спорт

Рамос демантира дека го пцуел Париз по елиминацијата во ЛШ

Рамос демантира дека го пцуел Париз по елиминацијата во ЛШ
Dik 300x250 mk

Иако Серхио Рамос беше еден од ретките фудбалери на Пари Сен-Жермен кој доби „преодна“ оценка од француските медиуми и од навивачите на Пари Сен-Жермен со неговото залагање при 2:0 поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампиони, тој неочекувано се најде во скандал кога камерите на „Мовистар“ го забележаа како наводно го пцуе Париз.

dobivaj vesti na viber

Во снимката на социјалните мрежи се тври дека ветеранот на шпански јазик пцуе: „Курвата која го роди Париз, еб.ена курва“.

Скандалот доаѓа неколку дена откако Рамос во интервју за шпанска „Марка“ призна дека неговиот трансфер во ПСЖ не „поминал како очекувал“, зголемувајќи ги шпекулациите за заминување од Франција. Рамос преку социјалните мрежи даде свое објаснување – дека не кажал Париз, туку испуштил звук „пссс“ или „пффф“.

„Вообичаено не се мешам во такви работи, но не признавам нешто што не се случи. Во ниту еден момент не кажав Париз, туку само разочаран звук ‘пссс’ или ‘пффф’. Тоа е во контекстот на грубиот јазик на кој сме навикнати во фудбалот. Не барајте нешто таму каде што не постои“, одговори Рамос на Твитер.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето