Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи заедно со Кети Василевска беше во посета на Штип како дел од интензивните теренски актиности „Рамо до рамо, до победа“.
Во своето обраќање, Битиќи порача дека СДСМ во изминатите години преку одговорни и ефикасни економски мерки и политики успеа да ја стабилизира македонската економија, да ја направи конкурентна на регионалниот и европски пазар и тоа се потврдува со реални резултати.
– Потпишавме договор за историски највисока инвестиција со тајванската компанија Јагео која ќе инвестира рекордни 205 милиони евра и ќе вработи околу 4.000 луѓе. Дел од тие луѓе ќе бидат и овде од Штип затоа што една од двете фабрики ќе се изгради токму овде во ТИРЗ Штип, посочи потпретседателот Битиќи.
Доаѓањето на оваа инвестиција е резултат на добри политики за креирање на предвидлива бизнис клима која е важна за инвеститорите, доверлив партнер кој го имаат во Владата, членството во НАТО кое носи дополнителна стабилност и сето ова без скапи роад шоа, без потрошен ниеден денар од граѓаните, додаде потпретседателот Битиќи
-Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд. СДСМ ја зголеми минималната плата на 20.000 денари а просечната на над 34.000 денари. Ги исполнивме клучните изборни ветувања година пред предвидениот рок, рече Битиќи.
Пеце Мирчески и Вангелија Велева беа во општина Карбинци каде пред граѓаните порачаа дека земјоделците во СДСМ имаат сигурен партнер дека денес субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно, а откупните цени уриваат рекорди.