Утрински Весник
Македонија

„Рамо до рамо до победа“ во Прилеп и Долнени: Со Договорот со Бехтел градиме автопат Прилеп – Битола

„Рамо до рамо до победа“ во Прилеп и Долнени: Со Договорот со Бехтел градиме автопат Прилеп – Битола

Караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска беше во општина Прилеп каде членката на ИО на СДСМ Ивона Кузмановиќ и Благој Бочварски разговараа со граѓаните околу најголемиот проект во инфраструктурата – изградбата на делниците од коридорите 8 и 10 Д.

dobivaj vesti na viber

– Изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д е најголем проект во инфраструктурата. Со тоа, конечно ќе добиеме автопатско решенија за правецот Прилеп – Битола, ако на тоа се додаде и експресниот пат Градско – Прилеп граѓаните, компаниите од Прилеп, ќе бидат подобро поврзани и со Грција и со главниот град. Со предлог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на овој проекти, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично. Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д, порача Бочварски.

Во Долнени беше Борче Хаџиев, кој пред присутните истакна дека СДСМ преку своите одговорни политики обезбеди 26 милиони евра субвенции за тутунарите и рекордна откупна цена на тутунот.

Можете да прочитате

Министерот за економија и труд, Дурмиши, на панел-дискусија за странски инвестиции во Берлин

Полиција од Охрид учествуваше на вежба за авион со запален мотор охридскиот аеродром

(Видео) Приведен сопственикот на кравите од Паланка, ќерките се обидоа да го спасат