Утрински Весник
Балкан

Рама утре во Солун на средба со албанската дијаспора, грчките ултранационалисти ќе го пречекаат со протест

20241102081604 Big 730x400 72.webp.webp

Во рамки на серијата средби со албанската дијаспора, премиерот Еди Рама, ќе оствари уште една средба со Албанците од Грција, овој пат утре во Солун, по онаа од мај во Атина.

-Со особено задоволство ќе се вратам кај Албанците во Грција, овој пат во Солун, каде историјата не поврза со илјада нишки и денес не обединува повеќе од кога било, со нашите јужни соседи, како два европски народа, кои дури и за неколку години ќе бидат рамо до рамо во Европската Унија, напиша Рама на Фејсбук.

Средбата, која се одржува под познатото мото „Горд за Албанија“ е закажана за во 11:00 часот во хотелот „Порто Палас“.

Првата средба тој ја одржа во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец во Милано. Во Њујорк, беше на 26 минатиот месец а на 24 овој месец ќе биде во Лондон, средба која беше првично планирана за месец мај.

На средбите тој ја бара поддршката на дијаспората за четврт мандат, на која право да гласа и се дава за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на пролет.

-Го барам вашиот глас од Америка за да ја направиме Албанија членка на ЕУ во 2030 година и да го подигнеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали (прв албански премиер, кој ја прогласил независноста на земјата на 28 ноември 1912 година во Валона), со сите други знамиња на големото европско семејство, побара Рама на средбата во Њујорк.

Како што објави Топ чанел грчките ултранационалисти планираат да го пречекаат со протест, на кој главниот говор ќе го одржи претседателот на грчката ултранационалистичка партија, Национален фронт, Димитрис Валасидис. 

Се дознава дека за време на протестот на улица ќе бидат фрлени летоци на кои ќе пишува „Слобода за Ворио Епир“ (Слобода за Северен Епир) –   јужниот дел на Албанија, гаде главно е концентрирано грчкото малцинство.

Можете да прочитате

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина