Утрински Весник
Спорт

Ралф Шумахер: Не верувам дека Верстапен ќе остане до крајот на сезоната

1708587508 Ferstapen I 960x600.jpg

Ралф Шумахер го предупреди Ред Бул дека Макс Верстапен би можел да го напушти тимот на средината на оваа сезона.

Иднината на Холанѓанецот никогаш не била понеизвесна поради судирот на неговиот татко и менаџер со директорот на тимот Кристијан Хорнер пред овогодинешното Гран При на Саудиска Арабија.

Јос Верстапен побара Хорнер да биде отпуштен, а шефот на Ред Бул не доби целосна поддршка од Верстапен јуниор, што ги поттикна гласините дека тој може да се пресели во Мерцедес.

Сребрените стрели бараат замена за Луис Хамилтон следната сезона, а тимскиот шеф Тото Волф ќе се сретне со Jос на Големата награда на Бахреин.

Верстапен е под договор со Ред Бул до 2028 година, но во договорот е додадена клаузула за прекин што ќе му овозможи да замине порано.

Ралф Шумахер, братот на легендарниот Формула 1 возач, Михаел, смета дека трикратниот светски шампион дури би можел да го напушти актуелниот тим пред крајот на сезоната.

“Мислам дека е направена непоправлива штета на односите помеѓу Верстапен и таборот на Хорнер. Затоа мислам дека се е можно во овој момент. Исто така мислам дека Макс би можел да го напушти Ред Бул пред крајот на годината. Имаше промени во тимот во средината на сезоната претходно“.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо