Утрински Весник
Спорт

Раководството на РФМ приреди прием за ракометарки и ги награди со 2 милиони денари за изборениот пласман на ЕП

Rfm Makedonija.jpg

По 12-годишна апстиненција женската ракометна репрезентација на Македонија со триумфот над Азербејџан (22:37) преку квалификации избори пласман на завршницата од Европско првенство кое на крајот од годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. По враќањето од Баку, раководствотo на Ракометната федерација на Македонија оствари средба со сениорките и со стручниот штаб на „црвено-жолтите“. Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов им се заблагодари на ракометарките и на стручниот штаб за севкупното залагање и придонес за пласманот, напоменувајќи дека во овој квалификациски циклус се отиде чекор напред, покажаа дека вредат и местото им е учество на завршниот континентален турнир. За пласманот на континенталниот собир, кој ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија во периодот 28 ноември до 15 декември 2024 година, женската национална селекција ќе подели награда во износ од два милиони денари. Последниот натпревар од квалификацискиот циклус со селекцијата на Литванија, ќе се одигра на 7 април (недела) од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски”, а влезот во салата е слободен.

Можете да прочитате

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија