Утрински Весник
Македонија

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија

Img 2304.jpeg

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки.

Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ.

Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје.

Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ.

На една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности.

СДСМ, нова сила – нова енергија!

Можете да прочитате

Фертилитетот во фокус: Експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Началникот на Генералштабот на АРМ ја заокружи посетата на ВС на САД  со средби со високи воени претставници во Пентагон, Вашингтон

Левица: Владата застана зад САД и Израел – народот ја плаќа цената на пумпите