Утрински Весник
Свет

Ракот сите нè погодува – Бајден се огласи откако му беше дијагностициран рак

Bajden 433428.jpg

Поранешниот американски претседател Џо Бајден денеска им изрази благодарност на сите добронамерни луѓе за пораките на поддршка што ги доби откако објави дека му е дијагностициран рак на простата.

„Ракот сите нè погодува“, напиша 82-годишниот поранешен претседател на платформата X.


Бајден рече дека тој и неговата сопруга Џил, како и многу други, откриле дека се најсилни во најтешките времиња.

„Ви благодариме што нè кревате со љубов и поддршка“, продолжи Бајден.

Поранешниот американски претседател објави фотографија на која се смешка кон камерата, а неговата сопруга држи мачка во раце.

Вчера се дозна дека Бајден има рак на простата. Кабинетот на Бајден објави дека станува збор за агресивна и напредна форма на болеста што се проширила на коските, додавајќи дека состојбата може да се контролира.

Претседателот Доналд Трамп, претходник и наследник на Бајден, му посака на Бајден брзо закрепнување откако беше објавена дијагнозата, а пораки со поддршка испратија и поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Ова не е прва дијагноза на рак во семејството Бајден. Неговиот најстар син Бо почина во 2015 година од тумор на мозокот на 46-годишна возраст.

Можете да прочитате

Не е само кучката Цеца: Во Костарика фатена мачка што шверцува дрога во затвор

Почина Ивана Ковачевиќ (44), сопруга на основачот и директорот на „EXIT“ Фестивал

Во тек е телефонски разговор помеѓу Трамп и Путин