Утрински Весник
Спорт

Ракометарките бркаат негатива од два гола и светско првенство

Ракометарките бркаат негатива од два гола и светско првенство

Македонската женска ракометна репрезентација денеска треба да ја надмине негативата од два гола од поразот во воведниот натпревар во бараж двомечот со Украина за да обезбеди пласман на Светското првенство кое годинава ќе се одржи декември.

dobivaj vesti na viber

На првиот натпревар, во Скопје, македонските ракометарки одиграа исклучително лошо прво полувреме, по што успеаја да фатат резултатски приклучок и да ја намалат негативата на теоретски достижни два гола. Поразот во „Борис Трајковски“ беше 22:24.

Македонската репрезентација учествуваше на претходното Европско првенство како еден од ко-домаќните. Баражот против Украина е можност за фаќање ритам во учествата на големите натпреварувања, нешто што одамна не му се случило на македонскиот женски ракомет.

Со оглед на ситуацијата во нивната земја, на реваншот, Украинките ќе бидат домаќини во унгарскиот град Кишварда. Натпреварот почнува во 17 часот.

Можете да прочитате

Вечерва се враќа Лигата на шампиони

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација