Утрински Весник
Спорт

Ракометарите го декласираа Луксембург

Ракометарите го декласираа Луксембург

Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлив триумф (38:24) над Луксембург во квалификациите за Европското првенство во 2024. Подмладената селекција на Кире Лазаров демонстрира квалитет и ја потврди фаворитската улога на овој натпревар.

dobivaj vesti na viber

Уште од стартот Македонија го презеде водство, постигна три гола во низа и беше јасно дека победата нема да дојде во прашање. На полувремето нашиот национален тим обезбеди двоцифрена предност (18:7), а потоа рутински го приведе мечот до крај.

Најефикасен во составот на Македонија беше Кузманоски со шест гола.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина