Утрински Весник
Свет

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Screenshot 2025 01 17 075613.jpg

Седмиот пробен лет на вселенското летало Starship, проект на SpaceX, заврши со губење на леталото по низа технички тешкотии. Летот, кој започна ветувачки, вклучуваше тестирање на голем број надградби, вклучувајќи поголеми резервоари за гориво, нов компјутерски систем за летање и подобрена авионика.

Леталото успешно се одвои од засилувачот на ракетата „Супер Хеви“ и ги покрена шесте мотори, но проблемите започнаа околу пет минути по одвојувањето, кога откажа еден од внатрешните мотори. Во следните неколку секунди дошло до дефекти и кај останатите мотори.


До осмата минута од летот, речиси сите мотори престанаа да работат, а контролниот тим на SpaceX ја изгуби способноста да го контролира леталото. Десет минути по лансирањето, беше потврдено дека Starship е изгубен.

Овој неуспех доаѓа по неколку успешни тестови кои овозможија контролирани слетувања во Индискиот Океан. Иако резултатите се разочарувачки, SpaceX потврди дека искуството од овој лет ќе помогне да се подобри технологијата за идните мисии.

Flightradar24, онлајн веб-страница посветена на воздушниот сообраќај, објави на социјалните мрежи дека авионите се пренасочуваат во областа каде што беше уништен Starship.

Можете да прочитате

Инаугурацијата на Трамп ќе биде преместена во затворен простор поради најави за студeно време

ЕУ со 235 милиони евра помош за Сирија

Трамп: Ми треба време за да одлучам за забраната на ТикТок