Утрински Весник
Македонија

Радовишанец се обидел да прегази полицајци, тие пукале кон неговиот автомобил

Lenta Policija 4.jpg

На 06.06.2024 во 02.00 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.К.(43) од село Злеово, радовишко.

Околу 01.30 часот на регионалниот пат помеѓу селата Прдејци и Смоквица, гевгелиско, тој со патничко возило „фолксваген голф” со штипски регистарски ознаки не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото се обидел да удри еден од нив. Притоа, полицискиот службеник од службениот пиштол пукал во гумата на возилото и тој застанал.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот против Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Амбасадорката Агелер на Kоридорот 8: Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата

Во Преспа отворена изложбата „По материјата“ – уникатен уметнички проект што ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати