Утрински Весник
Македонија

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Img 0697.png

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа, заедно со паштунската служба Радио Машал, ќе престане со работа на крајот од месецов, односно на 31 март 2026 година.

Одлуката доаѓа како резултат на буџетски ограничувања, кои, како што соопшти раководството на медиумот, наметнале ново приоритизирање на ресурсите.


„Затворањето на овие две служби е загуба за публиката што ја опслужуваат. Но, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Оваа одлука е донесена со длабока благодарност за работата што ја имаат направено овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржувале“, изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа беше активен од 2001 година и во изминатите децении се етаблираше како еден од релевантните извори на информации, особено во делот на политиката, истражувачкото новинарство и регионалните теми.

Со оваа одлука, медиумскиот простор во Македонија останува без уште еден меѓународен информативен сервис, што отвора прашања за плурализмот и достапноста на независни информации.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Пекевски: 950 евра минимална во Словенија, а храната поевтина од Македонија