Утрински Весник
Свет

Радев ги повика пратениците да си ја исполнат должноста и да не дозволат целосна блокада на државата

Радев: Турција е наш многу важен сојузник

Очекувам народните избраници да ја исполнат својата должност кон бугарските граѓани и државата и да конституираат парламент бидејќи има многу проблеми што треба да се решат, порача бугарскиот претседател, Румен Радев, во Брисел.

dobivaj vesti na viber

Шефот на државата посочи дека не само што има важни закони што парламентот треба да ги донесе, туку и низа важни државни органи, кои се уставно формирани, не се целосни или работат надвор од својот мандат.

„Тоа е исто така огромен проблем. Ако продолжиме вака, ќе дојдеме до целосна блокада на државата“, додаде Радев.

Бугарскиот претседател порача дека мандатот за формирање влада може да го предаде само кога има структурирани пратенички групи.

„Во оваа длабока криза преодната влада категорично нема да го иницира прашањето и да работи на тоа бугарските граѓани – домаќинствата да излезат на слободниот пазар на електрична енергија“, изјави претседателот. Тој изрази надеж дека и следната редовна влада ќе работи во оваа насока.

Радев престојува во Брисел на состанокот на Европскиот совет.

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно