Утрински Весник
Спорт

Рачич од Валенсија се пресели во Брага

Рачич од Валенсија се пресели во Брага

Српскиот репрезентативец Урош Рачиќ (24) оваа сезона нема да може да покаже што знае во Валенсија по одлуката на клубот да го испрати на позајмица.

dobivaj vesti na viber

Шпанските медиуми пренесуваат дека играчот од средниот ред наскоро и официјално ќе стане нов член на Брага.

По пристигнувањето од Црвена Звезда во Валенсија пред четири години, Рачиќ првите две сезони ги помина на позајмица во Тенерифе, потоа во португалски Фамаликао, каде со добри настапи обезбеди враќање на „Местаља“.

Рачиќ во првите три кола во новата сезона кај Џенаро Гатузо имаше минорна минутажа. Бидејќи за два месеци е СП во Катар, тој реши да замине во клуб каде што ќе игра за да може да му се наметне српскиот селектор.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина