Утрински Весник
Македонија

Работници од 40 компании досега пријавиле неправилности во исплатата на К-15

Pari 1 1.jpg

За неполни десет дена, работници од 40 приватни средни и големи компании пријавиле неправилности при исплатата на К-15. Неправилностите се пријавени до „Гласен Текстилец“.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ во изјава за МИА посочува дека поради се поголемиот број на пријави во однос на се уште неисплатен и помалку исплатен регрес за годишен одмор, принудени се да испратат уште еден апел за исплатата на К-15, овојпат до Управата за јавни приходи.


– Повторно укажуваме дека добар дел од работодавачите успешно ја користат манипулацијата оставена во колективниот договор за номинирање на претставник на вработените кој потпишува спогодба за исплата на помала сума за регрес за годишен одмор кој годинава изнесува 16.800 денари, а Државниот трудов инспекторат во вакви случаи нема можност да навлегува во економските потешкотии дали ги има или не, единствено во делот на постапката на одбирање на претставник на вработените и спогодбата потпишана меѓу претставникот/синдикатот и работодавачот, вели Ампева.

Таа додава дека Управата за јавни приходи може да навлезе во деловната и финансиската документација и може да провери дали фирмите навистина се во загуби или дали се соочуваат со економски потешкотии.

– Данокот од исплатата на К-15 што го зема државата е 10 проценти на нето односно 11,11 проценти на бруто износот, или ако фирмата исплатила 16.800 денари, државата на таа сума има данок од 1867 денари. Со исплаќањето на помала сума, воопшто неисплатен регрес за годишен одмор или пак лажно пријавување на загуби и потешкотии, државата ги губи тие даноци, а со оглед на бројот на средни и големи претпријатија, станува збор за не толку мала сума на пари – посочува Ампева.

Повикува да прекинат злоупотребите со наводни загуби, присилно потпишување на бланко документи за помалку да се исплати К-15, но ја повика и Управата за јавни приходи оваа година да биде, како што вели, на висина на задачата.

– За сите кои нема или ќе исплатат помала сума, а добиеме соодветна пријава од вработените, ќе испратиме податоци до УЈП за да се навлезе во деловното работење на фирмите и се утврди дали има или нема загуби, а тие што се огрешиле, да бидат гонети по Кривичен законик за даночно затајување како и за прекршување на права од работен однос – вели Ампева.

Можете да прочитате

Исплатени К-15 и јубилејна плата: Синдикатите со благодарност до Мисајловски

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Уверение за државјанство од следната година ќе може да се вади електронски