Утрински Весник
Македонија

Работници додека копале, нашле буриња полни со оружје, мини и експлозив

Policija.webp.webp

На 03.01.2026 година во 18:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирма која изведувала ископ пронашле две пластични буриња.

Според пријавата, бурињата биле полни со куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. По пријавата, местото е обезбедено, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а истрагата е во тек.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Уплавот ги принуди ДУИ да го бранат Артан Груби

Кривична против скопјанец за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Исмаил: Мицкоски има приватен интерес во енергетиката, затоа не дозволлува министри да одговараат на прашања