Утрински Весник
Македонија

Работничка тешко повредена во фабрика во Охрид

Brza Pomos 2.jpg

На 13.03.2026 година во 01:21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, со возило на Итната медицинска помош од Охрид, во Клиничкиот центар во Скопје, со тешки телесни повреди била донесена М.Д.(41) од Охрид. Од преземените мерки, констатирано е дека М.Д. повредите ги добила на работно место во фабрика во Охрид од каде, најнапред била пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид а потоа,поради сериозноста на повредите, префрлена на клиниката во Скопје.

СВР Охрид во соработка со трудовата инспекција, презема мерки за расветлување на настанот, се наведува во соопштението.


Можете да прочитате

19-годишник пронајден починат во Битола

Тошковски: „Тигар” 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

ОЈО поднесе обвинение против Стојанче Јовановски, се гони за три кривични дела