Утрински Весник
Македонија

Работна посета на министерот Муцунски на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Mucunski.webp.webp

На покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна – Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе оствари работна посета на оваа германска покраина.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе се сретне со својот домаќин, министерот Лимински, а на средбата ќе присуствува и државниот секретар во министерството, Марк Шпајх. Разговорите ќе бидат насочени кон унапредување на политичката и економската соработка, како и кон поддршката за европската перспектива на државата.


Министерот ќе се сретне и со претставници на македонската дијаспора, а ќе ја посети и црквата „Св. Петка” во Диселдорф, како дел од посветеноста кон нашата заедница во Германија.

Целта на посетата е интензивирање на севкупните односи со покраината Северна Рајна – Вестфалија, продолжување на билатералната соработка во рамки на Заедничката декларација за намери потпишана во 2021 година, како и реафирмирање на поддршката од оваа германска покраина за нашиот пат кон Европската Унија.

Можете да прочитате

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“